Што се Рамазан и Бајрам и како се слават во Австралија?

Lantern With Moon Symbol And Mosque Shape Background. Ramadan Kareem And Islamic New Year Concept.

Фотографија сликана во Тајланд Credit: Songyuth Unkong / EyeEm/Getty Images

Дали некогаш сте се запрашале за значењето на Рамазан и Бајрам во исламската култура? И, колку се важни овие прослави за вашите колеги, пријатели или соседи муслимани?


Key Points
  • Рамазан е најсветиот месец во исламот во кој здрави возрасни муслимани постат од утро до мрак.
  • Рамазан (Фитр) Бајрам е тридневна прослава на крајот на светиот месец на постот.
  • Австралијците муслимани ги носат своите карактеристични културни практики на прославата на Бајрам.
Австралија е дом на повеќе од 813.000 од вкупно 1,97 милијарди муслимани во светот. Ако живеете во град или голем град, веројатно сте се сретнале, сте се спријателиле или сте работеле со еден од нив.

Муслиманите во Австралија и ширум светот го започнаа Рамазан, едномесечно патување на обожавање и пост.

Човек се моли на зајдисонце (Pixabay).jpg
Исламскиот хиџри календар, се заснова на циклусите на Месечината околу Земјата Credit: Pixabay

Значи, што е Рамазан?

Рамазан е деветтиот месец од исламскиот лунарен календар. Од здрави возрасни муслимани се бара да постат од утро до мрак во овој период.

Вонредната професорка Зулејха Кескин е раководителка на Центарот за исламски студии и цивилизација на Универзитетот Чарлс Стурт во Мелбурн.

Таа вели дека Рамазан претставува процес на учење или развој и дисциплина

Рамазан се смета за најсвет месец во годината за муслиманите, и роа го прави многу посебен.
Зулејха Кескин, вонредната професорка и раководителка на Центарот за исламски студии и цивилизација на Универзитетот Чарлс Стурт во Мелбурн
Исламскиот календар, познат и како хиџри календар, се заснова на циклусите на Месечината околу Земјата. Бидејќи е 10 до 12 дена пократко од сончевата година, датумите за исламските прилики се разликуваат.

Годинава светиот месец Рамазан се паѓа помеѓу 22 март и 20 април
Shot of a young muslim woman pouring drinks for her family
A meal with loved ones during Ramadan. Source: iStockphoto / PeopleImages/Getty Images/iStockphoto

Зошто муслиманите треба да постат?

Постот е еден од „Петте столбови на исламот“, а ти се вера, молитва, милостина, пост и хаџ или аџилак.


Од муслиманите исто така се бара за време на постот за Рамазан да се воздржуваат од пушење, сексуални односи, изразување гнев или расправии. Забрането е и извршување на неморални дејствија.

Се охрабруваат дополнителни практики на обожување, како што се молитви, читање и разбирање на Куранот и добротворна работа. Многу муслимани посетуваат џамии откако ќе го прекинат постот, или „Ифтар“

Директорката на Центарот за арапски и исламски студии на Австралискиот национален универзитет, професорката Карима Лашир вели дека Рамазан вклучува повеќе од само воздржување од храна или пијалоци.

"Тоа е месец на духовност, тоа е месец за повторно поврзување со својата вера, со Бога" - објаснува професорката Лашир.
Tоа е месец во кој повторно учиме да бидеме сочувствителни човечки суштества, да го разбереме потребите на луѓето кои се сиромашни, кои не можат да си дозволат да јадат и повторно да се поврзат со светот околу нас
професорка Карима Лашир, Центар за арапски и исламски студии на Австралискиот национален универзитет
Покрај тоа што е форма на молитва и верска должност, професорката Лашир забележува дека постот има и здравствени придобивки.

"Физички многу здрав затоа што го регулира метаболизмот на телото, и го прочистува телото од секаква токсичност"

Friends gathering for eating dinner together
Од здравите возрасни муслимани се бара да постат од утро до мрак за време на Рамазан. Source: Moment RF / Jasmin Merdan/Getty Images

Што е Бајрам?

И откако муслиманите ќе поминат цел месец на пост, тогаш доаѓа Бајрам

Бајрам значи „фестивал“ или „празник“. Постојат два главни Бајрами во исламскиот календар, тоа се Рамзан (Фитр) Бајрам и Курбан Бајрам.

Д-р Кескин вели дека Рамазан (Фитр) Бајрам познат и како „Помал Бајрам“, е тридневна прослава со која се означува крајот на рамазанскиот пост.

Eid al-Fitr is an opportunity to celebrate what one has achieved during the month of Ramadan.
Dr Zuleyha Keskin, Centre for Islamic Studies and Civilisation, Charles Stuart University
При одбележувањето на Бајрам, муслиманите се обврзани да донираат за добротворни цели, познати како Зекат ал-фитр, за да можат и сиромашните да слават.

Професорката Лашир вели дека Рамазан Бајрам е прослава на „заедништвото и простувањето“, бидејќи го подмладува духот на заедницата и ги охрабрува муслиманите да бараат прошка.

Понатаму, нуди одлична можност за децата да се забавуваат, да стекнуваат нови пријатели и да се запознаат со културата.

Tradicionalni muslimanski roditelji i njihova djeca dijele lepinju tokom iftara u Ramazanu
Во повеќето исламски земји, Рамазан Бајрам е државен празник. Source: iStockphoto / Drazen Zigic/Getty Images/iStockphoto
Купувањето нова облека, особено за децата, чистењето на домовите и подготовката на специјални слатки и јадења се голем дел од подготовките за Бајрам.

Годинешниот Рамазан Бајрам ќе падне на 21 или 22 април, во зависност од гледањето на Месечината.

Што се однесува до Курбан Бајрам, познат и како „Жртвен Бајрам“ или „Поголем Бајрам“, тој доаѓа по годишниот аџилак и ја слави подготвеноста на Авраам да ја послуша божјата заповед да го жртвува својот син Исмаил.

EID AL FITR  SYDNEY
Членовите на муслиманската заедница го слават Рамазан Бајрам со молитва во џамијата Лакемба во Сиднеј. Source: AAP / DEAN LEWINS/AAPIMAGE

Како австралиските муслимани го слават Рамазан Бајрам?

Прославите започнуваат со посебни молитви утрото на првиот ден од 10-тиот месец во исламскиот календар. Во повеќето исламски земји Рамазан (Фитр) Бајрам е државен празник.

Заедничките молитви се одржуваат во локалните џамии и центрите на заедницата каде што луѓето се поздравуваат со „Бајрам Мубарак“, што значи „Среќен Бајрам“.

Семејствата и пријателите, исто така, се посетуваат едни со други, а собирите во заедницата се вообичаени за време на Бајрам.
Тоа е семејна колективна прослава каде што сите ги посетуваат едни со други, и уживаат во специјално подготвената храна, слаткии кмолачи- вели Лашир.

Сепак, австралиските муслимани доаѓаат од многу земји со карактеристични културни практики и прославите се разликуваат.

RAMADAN EID SYDNEY
Големи толпи ја исполнија џамијата во Лакемба и се редаа по улиците за да го одбележат крајот на светиот месец Рамазан, Сиднеј. Source: AAP / JANE DEMPSTER/AAPIMAGE
Али Аван е Австралиец со пакистанско потекло, кој е особено зафатен за време на Фитр Бајрам секоја година. Тој организира еден од најголемите мултикултурни фестивали за Бајрам во Австралија.
Тој вели дека постојат „огромни“ културни разлики меѓу муслиманите со различно потекло. Неговата работа како претседавач на "Австралискиот мултикултурен Бајрам фестивал" е да ги собере сите на едно место.

"Некои подготвуваат различна храна или носат различни облеки за Бајрам. А кога станува збор за прославата, практикуваат некои активности, манифестации- објанува Аван.

За време на фестивалот Бајрам се обидуваме да ги собереме сите различни претстави, различни култури на едно место и тоа е убавината на Австралија
Али Аван, "Австралискиот мултикултурен Бајрам фестивал"
Професорката Лачир се согласува, велејќи дека чувствува дека прославите на Бајрам во Австралија се многу поразновидни отколку во многу исламски земји.

“Она што е убаво за муслиманската заедница во Австралија што повеќето од прославите се случуваат во центрите на заедницата и во локалните џамии, кои имаат тенденција да ги зближат сите овие заедници, од различно потекло” - вели таа.

Share