Изложба на скулптури на македонскиот уметник од Австралија Роберт Михајловски

Ова е прва изложба на скулптури на Михајловски, кој е познат за австралиската и за македонската јавноста како графичар и сликар.

462650732_572602268691873_7996695772364590798_n.jpg
Македонскиот уметник од Австралија, Роберт Михајловски, се претстави пред австралиската јавност со четири скулпури, во рамките на групната изложба што одржува од 3 до 24 ноември, во галеријата во Аботсфорд, во Мелбурн. Михаловски изложува заедно со тројца други австралиски уметници.

Ова е прв скупторски обид на Михаловски, кој инаку е познат и етаблиран графичар и сликар.

"Обично не се сметам за скулптор, но ме интересираше страста за тродимензионална уметност и да сакав да преминам од дводимензионална кон концептуално ориентирана тродимензионална уметност.
462639090_482711658144725_1494858858486325814_n.jpg
„Домување“, во оваа скулптура Михaјловски користи цврсто дрво и други предмети, најдени во блокот стамбените згради социјални станови во Колингвуд. Намерното рудиментарното моделирање на објекти јасно покажува дека мојата намера е алегорична, вели авторот. (Дрво, метал, мермер, коска. Димензии: 39x19x14 cm)
Моите уметнички дела се создадени од предмети и парчиња дрво што ги најдов на пазарите.
Роберт Михаjловски
Михајловски комбинира елементи од класичните скулптури поставувајќи ги со кутии и материјали за пакување. На овој начин скулптурите и сликите едноставно станаа секојдневни алегориски уметнички дела.

462579943_1554673322595646_5514562406564343678_n.jpg
„Седечки фигури“, тоа е скулптура инспирирана од „Децата седнати на клупа“ на Марисол Ескобар, вели Михаловски. Тоа е еклектичен пристап кон оваа скулптурална композиција која рефлектира многу лична интерпретација на современата фигуративна скулптура. (Дрво, метал, пластика. Димензии: 47x44x25 cm)
Како и со промената на статуата на Буда, јас намерно се обидувам да си поиграм со нашата желба за совршенство, целина и поим за вредност и естетика, користејќи напуштени и фрлени уметнички дела или артефакти, содавајќи ново уметничко дело.
Роберт Михаjловски
Тој исто така користеше предмет создаден од природата како инспирирација да создаде ново парче скулптура.

462650732_572602268691873_7996695772364590798_n.jpg
„Погранични војни“ - скулптура која одговора на палимпсестот каков што е австралиската историја. Откако ја прочитав книгата на Џеј Конор за војните на границата, создадов цврста скулптура од остатоци од дрво и разни материјали, што личи на мултиетнички објект со мулти-културни симболи, објаснува Михајловски. (Дрво, метал. Димензии: 64x97x45cm)
Јас сум графичар, но дводимензионалната слика не го задоволува мојот креативен импулс. Мојата намера беше да создадам уметничко дело со третата димензија.
Роберт Михаjловски

462571175_1274897023661450_6969168520708934114_n.jpg
"Овоштарник“, Во оваа скулптура, Mихаловски вели дека ја соочува скулптурата на Буда со овошната кутија како повеќекратна алегорија на консумеристичкото општество во кое живееме сега. (Хартија, пластика, акрил. Димензии: 44x37x17cm)

Share
Published 20 November 2024 5:54pm
Updated 21 November 2024 6:12pm
By Maja B.Talevska
Source: SBS

Share this with family and friends