Во извонредно координирана акција на повеќе спасувачки тимови, на високи температури над 30 степени, по повеќе од шест часа, Јовевски беше извлечен на носилка и со хеликоптер однесен во болница.
Јовевски имаше можност, откако излезе од болница во Мелбурн, повторно да се сретне со неговите спасувачи и лично да им се заблагодари.
Во разговор за СБС на македонски тој зборува за исклучителната важност на спасувачките екипи, полицијата и персоналот во службите за итна помош за чија работа, како што вели, сите треба да оддаваат поголемо признание.
И додава дека е особено среќен што живее во земја како што е Австралија.
За повеќе прилози, интервјуа и информации од СБС на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
For more stories, interviews, and news from SBS Macedonian, explore our podcast collection here: