Млад македонски гласач во Австралија: Ние сме во полоша ситуација од нашите родители

Samuol Angelkoski kolaz web.jpg

Самуил Ангелоски, млад гласач на сојузните избори во Австралија на 3 мај 2025 (лево), аукција во Сиднеј, 10 август 2024 (AAP Image/Mick Tsikas)

Сонот на младите во Австралија за сопствен дом станува се понереален, освен ако помогнат родителите, бабите и дедовците, вели 23-годишниот Самуил Ангелкоски од Волонгонг, кој поради работата живее под кирија во Сиднеј.


Ангелкоски, кому овие сојузни избори на 3 мај оваа година ке му бидат втори на кои што ќе гласа, вели дека неговата генерација најмногу се информира од Тик Ток и инфлуенсери на социјалните мрежи и сака брзи и разбирливи информации за тоа како одредена политика би им го подобрила животот на младите.

Тој појаснува дека тие се свесни за опасноста од лажни информации онлајн, но дека истовремено се генерација која што многу брзо може да ги провери истите.

Share