Независниот член на Фаулер, Даи Ли, вели дека многу луѓе во нејзиниот електорат, еден од културно најразновидните во Сиднеј, не се запознаени со тоа како функционира политичкиот систем на Австралија.
Нула, нема политичка писменост.Dai Le, federal member for Fowler
Таа за SBS Examides изјави дека главните партии се обидуваат да ги привлечат имигрантските заедници, но не се фокусираат на имиграциските перспективи.
„Тие ги експлоатираат гласовите на имигрантите, а тоа е различно од земањето предвид на потребите на имигрантите“, рече Даи Ли.
„Се надевам дека тоа ќе се промени. Ќе биде интересно да се види како претстојниве избори ќе ги променат работите бидејќи има повеќе независни кандидати. Се надевам дека тоа малку ќе го промени нивниот став.“
Вонредната професорка Сухмани Хорана од Универзитетот во Нов Јужен Велс ги испитува политичката писменост и учеството на брзорастечките кинески и јужноазиски заедници во Австралија.
Професорката вели дека политичките избори на имигрантските заедници се флуидни - тие гласаат за специфични прашања и немаат традиционална лојалност кон одредена партија.
„Нивните гласови варираат од Лабуристичката партија кон Либералната партија, во зависност од тоа што се случува во која било конкретна изборна кампања“, вели професорката.
Оваа епизода на „SBS Examines“, анализира како имигрантските заедници пристапуваат кон политиката во Австралија.