SBS Examines: Кој е десница,a кој левица? Каде се наоѓате вие на политичкиот спектар?

Untitled design (4).png

Credit: AAP Photos/Getty Images

Со години, етикетите „левица“ и „десница“ се користат за да се опише каде се наоѓаат политичките партии на политичкиот спектар. Но, дали тие сè уште се корисни?


Вишиот предавач по политика и меѓународни односи на Универзитетот на Саншајн Коуст, д-р Шенон Бринкет, рече дека термините се добар начин да се добие поопфатна слика и разбирање на идеолошките разлики меѓу партиите.

Но, би предложил да ги истражите партиите малку подлабоко, за да бидете сигурни дека политиките на одредената партија за која планирате да гласате се всушност усогласени со она што вие сакате се постигне во следните три или четири години
Др Шенон Бринкет
Во оваа епизода на „SBS Examines“, бараме одговори на прашањето дали етикетите за партиска политичка ориентација навистина ни помагаат да разбереме за што се залагаат нашите политичари и партии.

Share