Поповска вели иако растела во многу поинаков свет кога за прв пат се влјубила во читањето, секоја нова мотивација за дело потекнува од нејзината длабока љубов и почит кон децата.
Читањето за задоволство, на кој било јазик, има низа придобивки за децата и младите при што ги подобрува вештините за описменување и има позитивен директен ефект врз мотивацијата и достигнувањата за академско читање во подоцнежното детство и адолесценција.
Во анкета на Австралиското Биро за Статистика се вели дека 74% од децата се согласуваат дека читањето им помага подобро да го разберат светот и дека сакаат да читаат дома и на глас.
Една од главните причини за оваа пријатност е што тоа во многу случаи значи време поминато со родител.
Но, и покрај сите придобивки, учеството на децата во читањето за задоволство покажа надолен тренд, опаѓајќи од 79% на 72% во последниве години, според Австралиското Биро за Статистика.
Националните настани како што е Неделата на Детската Литература (Kids Book Week), се оддржуваат секоја година и на кои учествуваат австралиски автори и илустратори.
Наставниците и библиотекарите спроведуваат активности поврзани со некоја тема за да ја истакнат важноста на читањето.
Еве неколку идеи како да му помогнете на вашето дете да ја цени моќта на имагинацијата и креативноста:
1. Создадете ќош за читање дома.
Посебен стол или место во куќата каде што децата можат
да читаат ќе им помогне да ја видат оваа активност како
релаксирачка забава.
Направете ја областа привлечна со меки перничиња,
шарени уметнички дела и полица за книги полна со
примамливи фикција и нефикција, за да се враќаат овде
редовно предизвикани, стимулирани и транспортирани
во други светови.
2. Охрабрете го вашето дете да се занимава со саканата
книга со тоа што ќе дизајнира нова корица за неа и ќе
создаде илустрации.
Ова ќе им помогне да размислат подлабоко за заплетот и
ликовите.
Цртањето и боењето помагаат во зајакнувањето на
креативноста и овозможува децата да ја истражуваат
својата имагинација.
3. Читајте и пишувајте фантастика.
Фан фикцијата се појави во дигиталната ера како начин
луѓето да ја изразат својата љубов кон книгите и
ликовите.
Тоа им овозможува на фановите да се поврзат со други
ентузијасти и да се потопат во измислените светови.
Преку квалитетна фантастика на интернет, ќе му
помогнете на вашето дете да разбере дека читањето не е
пасивна активност и дек и тие можат да бидат
креатори.
4. Посетете ја библиотеката.
Однесете го вашето дете во локалната библиотека,
улична библиотека или саем на размена на книги каде
што може да избере свои книги и да добие апетит за
читање.
5. Присуствувајте на говор на автор.
Дознајте за читањата на книги и говорите на автори во
вашата област.
Слушањето на авторот како чита на глас од нивната
книга и зборува за процесот на пишување е едукативно и
инспиративно за децата.
Тие можат да поставуваат прашања и да научат повеќе за
уметноста на раскажување приказни.
Најдобриот начин да се осигурате дека децата растат со
љубов кон читањето е да ги охрабрите да читаат дома во текот на целата година.
Sources: ABS, Kid's Book Week.