Не постојат конкретни закони за вештачката интелигенција во Австралија.
Заменик-извршната директорка на Институтот за дизајн на технолошка политика, Зое Џеј Хокинс, рече дека „е премногу доцна за големи законодавни реформи во Австралија“ пред претстојните сојузни избори.
Останува на гласачите да одредат што е реално, а што лажно кога станува збор за содржини генерирани со вештачка интелигенција во изборните кампањи.
Портпаролот на Австралиската изборна комисија, Алекс Морис, им препорачува на граѓаните да бидат внимателни, но не алармирани.
„Ако видите нешто за кое не сте сигурни дали е реално, не го споделувајте пред да извршите проверка.“
Во оваа епизода ќе разгледаме што да очекуваат Австралијците од вештачката интелигенција пред сојузните избори во 2025 година.